x

Алкантара како Меси, почна да ги избегнува клупските обврски во Баерн

tiago-alcantara

Новиот европски шампион, Баерн Минхен, скоро сигурно ќе остане без еден од своите главни играчи оваа сезона. Тијаго Алкантара цврсто реши да ја напушти Баварија со тоа што започна да ги избегнува клупските обврски.

Медиумите пишуваат дека шпанскиот репрезентативец нема да се појави во тренинг центарот на Баерн за задолжителните медицински тестови.

Алкантара на тој начин го „турка“ трансфер-излезот во моментот кога се зборува за преселба во Ливерпул. Единствениот проблем е што „црвените“ не сакаат да платат 30 милиони евра, колку што бара Баерн.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата