„Фармацевтите” победија на пет табли, а единствениот пораз го претрпе украинскиот велемајстор Павел Елјанов (2720) на втората табла од ВМ Максим Легард (2594).

Победи извојуваа кинескиот велемајстор Лирен Динг (2772) на првата табла, Дмитриј Андрејкин (2705) на третата табла, кинескиот велемајстор Ју Јингжи (2743) на четвртата табла, Русинот Дмитриј Јаковенко (2710) на петтата табла и Украинецот Јури Криворучко (2693) на шестата табла.

Шахистите на Гамбите Асеко, пак, го доживеаја првиот порез и тоа од првиот фаворит за шампионската титула, Глобус со убедливи 5,5-0,5. Единствено реми запиша ИМ Марјан Митков (2332) на петтата табла кој го подели поенот со украинскиот велемајстор Антон Коробов (2652).

Со по 6 бода од четири натпревари, Алкалоид и Гамбит се на делба од 3. до 10. место. Алаклоид во 5. коло, синоќа ги ги одмери силите со десеторангираниот Обетиво Падова од Италија, додека Гамбит се соочи со Баја Маре (седморангиран според рејтингот).