Најголемиот домашен производител на лекови, скопски “Алкалоид” официјално побара од Државната антикорупциска комисија да ги “прочешла” цените и пласманот на лековите на македонскиот пазар. Покрај актуелните, со оваа иницијатива “Алкалоид” бара и компаративна анализа на цените по кои се плаќани лековите во изминативе години од касата на Фондот за здравствено осигурување. Притоа, посебен акцент се става на странските, пред с&”162;, словенечките лекови, кои според наводите, на последниот тендер имале фрапантен пад на цените во однос на претходните. Зад ваквата иницијатива до антикорупционерите, лично е потпишан првиот човек на “Алкалоид”, кој во “пакет” проблематизира и некои други сегменти од бизнисот со лекови, нивната регистрација и улогата на државните органи во одбрана на лојалната конкуренција. Неофицијално, антикорупционерите веќе ја разгледале иницијативата, но до каде ќе оди случајот дополнително ќе се изјаснат откако ќе добијат релевантни информации од надлеж- ните државни органи. Според нашите извори, тоа веќе е побарано од Фондот за здравствено осигурување, Бирото за лекови и Министерството за здравство. Засега на ова реагирал само првиот човек на Фондот за здравство кој “спакувал” комплетна аргументација со целосни објаснувања до Антикорупциската комисија, кои наводно не се ”поклопуваат” со дијагнозите на алклалоидовци. Другите две инстанци, според нашите извори, се малку поинертни и с&”162; уште работат на она што го бараа антикорупционерите. Владини извори тврдат дека обраќањето до Државната антикорупциска комисија уследило откако “Алкалоид” претходно во писмена форма се обратил и до премиерот Хари Костов со, речиси, идентично досие за лековите. (В.Ц.-Р.Н.)