Алијанса за Албанците реагира за смртта на 22 момче во затворот во Куманово. „Со жалење ја добивме веста за смртта на 22 годишникот од населба Арберија Куманово, случај што го шокираше целиот град Куманово, но и пошироко.22-годишникот почина во затворот на Куманово во околности непознати за јавноста и неговото семејство“, соопшти партијата.

Алијансата за Албанците огорчена од случајот бара целосна одговорност од надлежните органи и одговорните лица кои „требале да му дадат прва помош на еден млад затвореник“.

„Во такви околности, дефинитивно мора да се преземе одговорност и јавно да се наведе причината за смртта.Затворот не треба да биде последна станица на никого, а камоли на еден млад човек кој беше таму да се ресоцијализира и да се реинтегрира за утре, ова општество му понуди живот, а не смрт“, се вели во соопштението.

Алијансата за Албанците бара оставка од министерот за правда, директорот и заменик директорот на Затворот, и бараме кривична и морална одговорност за овој случај, доколку им преостана малку морал.

„Не треба да се заборави дека ниту еден затвореник не може да биде задржан во затвор без да се потврди неговото / нејзиното целосно здравје, секој затвореник има право да се лекува надвор од затворската ќелија, секој затвореник има право да го продолжи животот во нормални услови кои не го загрозуваат нивното здравје, секој затвореник неспорно треба да има право на здравство како и сите ние надвор од затворот!

Овие фундаментални права на затворениците, брутално продолжуваат да се прекршуваат во затворите на Северна Македонија. Земајќи ги предвид сите овие факти, заклучуваме дека не само затворот во Куманово, туку и секој друг затвор во Македонија, се соочува со мизерни услови, кои завршуваат во смртни случаи.Условите што предизвикуваат смрт на многу затвореници со текот на годините не поминаа незабележани од меѓународните организации кои во повеќе наврати повикуваа на итна интервенција на властите за подобрување на условите. Со најголемо жалење ја споделуваме болката со семејството на починатиот, со надеж дека нашата реакција ќе помогне да се расветли случајот“, се додава во соопштението.

извор: Makfax