„За жал, помина многу време откако состојбата во земјата поради вирусот премина во опасни насоки, не успевајќи да се подобри состојбата и покрај сите мерки преземени од владата токму заради нефункционалноста на државата и некомпетентноста на тие кои ја водат. Алијансата за Албанците од почеток внимателно ја следи состојбата и постојано предлага мерки покрај мерките што ги презема Владата, но овие препораки заради политичката себичност на владејачките партии за жал наидоа на глуви уши. Но, ние глуви не сме и нема да молчиме затоа што грешките на Владата чинат животи“, соопшти партијата.

Според Алијанса за Албанците, факт е дека одлуките се носат на дневна основа, не постои стратегија за управување со вакви состојби и особено протокол за тоа, што резултира во земјава да има најголем број смртни случаи од вирусот во регионот (на 1 милион жители = 26 мртви).

„Не се работи за еден проблем затоа што здравствениот систем е оптоварен со многу долгогодишни проблеми за кои ние како партија постојано реагиравме и затоа денес долгогодишната небрежност на Владата ја отежнува ситуацијата со вирусот.Недостаток на инфектолози, епидемиолози, реаниматолози, елементарна заштитна опрема, преминот од дефанзивна заштита на офанзивна заштита против вирусот во доцен тајминг предизвика донесување на екстремно ригорозни мерки, кои што придонесоа повеќе контра ефекти отколку ефективни резултати што предизвикуваа кај пациентите уште повеќе паника и чувство на несигурност.

Апсурдно е што хроничните болни пациенти не можат да ги примаат своите терапии затоа што државата сè уште не обезбедила одредена клиника со деконтаминирани простории и како резултат на тоа скоро 1 месец овие лица не ги добиле своите терапии, заборавајќи дека ги изложуваат во отворена опасност од постојните заболувања.Нетолерантно е што Универзитетскиот клинички центар „Мајка Тереза“ во овој момент е претворен во работилница на која се градат патишта од главниот влез до клиниката за заразни болести, предизвикувајќи хаос, прашина и опасност од заразување на физичките работници. Многу клиники во рамките на Универзитетскиот центар ја минимизираа работата што го загрозува здравјето на граѓаните од други болести.

Фокусирајќи се само на еден проблем, владата заборави илјадници други проблеми кои подеднакво го загрозуваат јавното здравство.Клиничката болница во Тетово не ги исполнува ниту основните услови за справување со вирусот, бидејќи Одделението за инфективни болести датира од 70-тите години на минатиот век без никакви реновирања и соодветен персонал.

Болницата во Струга скоро ја дели истата судбина како таа во Тетово во која немаше инфраструктурна инвестиција од 60-тите -70-тите години, иако ветувањата на ДУИ во секој изборен циклус ја вклучуваа и изградбата на оваа болница. Исто така и Дебар ги плаќа празните ветувања на ДУИ без никакви инвестиции во здравството.

Скандалите не завршуваат ни во болницата во Куманово, и покрај неодговорноста на директорката на болницата од првиот случај на заразената жена која почина, не обезбедувајќи заштитна опрема за персоналот па се до издавања боледувања за нејзините блиски вработени во болницата, за истата сè уште се нема дадено ниту една забелешка, иако бројот на над 20 заразени од Одделението за заразни болести и други одделенија требаше да резултира со нејзина оставка“, се вели во соопштението.

Според партиата, оваа влада ги остава граѓаните без здравствен систем затоа што секој ден сме сведоци како различни лекари не ги примаат пациентите на прегледи од страв од инфекција.

„Како можеме да очекуваме оваа влада успешно да го заврши овој предизвик кога граѓаните немаат каде да одат на лекување.Сепак, неспорно е и работата на сите лекари и медицински сестри кои неуморно работат во овие тешки времиња. Од друга страна, луѓето што се повикани да управуваат со ситуацијата ја користат оваа состојба како прилика да се промовираат, заборавајќи дека нивната неспособност нема да ја амнестира ниту едно нивно јавно обраќање“, велат од Алијанса за Албанците.

извор: Makfax