Алијансата за Албанците им заблагодари на граѓаните кои го изразиле нивниот суверенитет и му ја честита победата на Стево Пендаровски на претседателските избори.

Од Алијансата преку соопштение велат дека демократијата е волја на мнозинството во рацете на граѓаните, како што впрочем бил вчерашниот избор на претседателот на државата.

„Им честитаме на сите граѓани кои изразија суверенитет, секој на свој начин и своја форма. На крајот на краиштата ова е демократија. На г-дин Пендаровски му го честитаме изборот за претседател на РСМ. Би сакале оваа институција да почне да дише во духот на етничката
реалност на РСМ и да завршат еднаш и засекогаш досегашни практики“, порачаа од партијата на Зијадин Села.

извор: Makfax