Вицепремиерот Артан Груби самиот признава дека правдата била селективна и дека досега таа била нарачана по телефон, велат од Алијансата за Албанците, откако Груби денеска на прес-конференција говорејќи за приоритетите на Владата рече: „на правдата испорачана по телефон и дојде крајот“.

„Груби вели дека ќе се залага за систематизација на администрацијата, за признавање на нивните дипломи, вели дека ќе започнат да ја следат реализацијата на целосната еднаквост, ќе бидат посветени на спроведувањето на законот на албански јазик итн. Овие изјави докажуваат дека досега ништо не е сторено во врска со ова. Ако сега планирате да започнете да ги спроведувате, тоа значи дека не сте започнале во последните 18 години и никој не верува дека сте сериозни. Исто така, тој вели дека не може да има правда за едниот и различно за другиот, различен за политичарите и различен за граѓаните и правдата нарачана по телефон. Парадоксална изјава, бидејќи тој самиот признава дека правдата била селективна и дека досега таа била нарачана по телефон“, велат од партијата на Зијдаин Села.

Оттука додаваат дека никој повеќе не му верува на Артан Груби, па дури ни на Владата.

„Во оваа прилика, ве потсетуваме на времето кога Артан Груби беше партнер на Груевски. По случајот во Кале Скопје, тој изјави дека СДСМ му понудил да создаде етнички проблеми, но тој одбил. СДСМ категорично ја демантираше оваа изјава. До денес не е познато кој изневерил, Артан или СДСМ. Истото денес по оваа конференција, не знаеме кој е во право? Артан со она што го изјави денес, или Заев со она што го рече на неговото експозе.Значи, со еден збор, продолжува дежаву-то на оваа влада, со празни изјави и паушални суми од типот на изјави за албанскиот премиер, додека оние кои ја доживуваат штетата на сопствената кожа, се самите граѓаните“, се додава во соопштението на Алијансата.

извор: Makfax