Централното претседателство на Алијанса за Албанците преку апликацијата „ZOOM“ на 20 мај оддржа состанок во врска со последните случувања со пандемијат во државата. На овој состанок одлучено е да се разреши Алтрим Мамути од функцијата претседател на тетовскиот огранок, пишува Лајм.

Нивното соопштение во целост:

„Алијансата за Албанците смета дека граѓаните треба да бидат внимателни во овој период на повторно отворање и дека државата треба да гарантира враќање во нормала на граѓаните без евентуални последици. АА бара финансиската поддршка за социјални случаи, бизнисмените и други категории погодени од пандемијата Ковид-19 да се направи правично, без да се прави дискриминација на никого врз етничка, верска, социјална или регионална основа.

На средбата се разговараше и за политичката состојба и одржувањето на вонредни парламентарни избори. АА е против бојкотот на изборите и инсистира тие да се одржат во текот на месец јули. На земјата и е потребна влада со целосен легитимитет која треба да носи полноправни одлуки, така што одржувањето избори е неопходност, но секогаш водејќи сметка за здравјето и животот на граѓанинот.

Централното претседателство донесе решение со кое го разрешува од позицијата претседател на огранок г-дин Алирим Мамути, одлука која е заснована врз статутот на партијата и волјата на мнозинство од членството во тетовскиот огранок “, се вели во соопштението на партијата.

Извор: Лајм