Опозицијата смета дека назначувањето на Бучковски за специјален претставник на Владата за спорот со Бугарија ја „закопува“ довербата во извршната власт, во министерот за надворешни работи и вицепремиерот за европски прашања, кои, според опозицијата, досега не успеале да најдат решение. Според коалицијата Алијанса -Алтернатива, дискредитацијата на албанските функционери е веќе добро позната појава во земјата.

– На Бујар Османи му е назначен за шеф Владо Бучковски, кој ќе ги има главните надлежности да ги води преговорите со бугарската страна. Паѓаат сите предупредувања, пофалби на раководството на ДУИ дека Бујар Османи е важен фактор во одржување на разговорите со бугарската страна. Ова не се случува само сега. Постојано кога имало слични и отворени меѓусоседски прашања, како во случајот на Грција, албанските претставници за жал имале епизодна улога и повеќе биле донесени како непоканети гости за едно прашање за кој  никој не ги прашува и немаат тежина во преговорите, вели Сурија Рашиди, Алијанса – Алтернатива.