Според сите статистики, Северна Македонија е земја со најголем број на смртни случаи од Ковид-19 во регионот, и покрај бројните проблеми, многу семејства се должни да издвојат значајни средства за погребите на нивните најблиски од оваа болест, соопшти Алијансата за Албанците.

„ Според информациите што ги имаме од граѓаните, разни погребални компании ја злоупотребиле ситуацијава и за нивните услуги барале од 12.000 до 35.000 денари, цена која е висока за специјална ПВЦ пластична торба, каде што е завиткано телото на починатиот, како и лимен ковчег, врз основа на еден протокол, кој според Државниот Санитарен и Здравствен Инспекторат НЕ ПОСТОИ.

– Зошто Министерството за Здравство девет месеци дозволил вакво нешто, кога знаела дека не постои таков протокол и дозволил кражба на граѓаните?
– Во која жиро сметка се исплатени средствата од страна на граѓаните, за ПВЦ торбите и ковчегот со телата на починатите од КОВИД 19?
– Кои се компаниите кои се договорени од стана на Министерство за Здравство за кражбата на граѓаните?
Затоа бараме:
– Итно да се прекине со проневера и класична кражба на граѓаните од страна на Владата и истата да подготви протокол за погребување на мртвите од КОВИД19.
– Семејствата кои се оштетени, повеќето социјални случаи, веднаш да се компензираат, и да им се враќаат украдените средства.
– Бараме одговорност и отчет од страна на Министерот Филипче, за ова СКАНДАЛОЗНА ИЗМАМА на граѓаните, каде директно се допира во џебот и се крадат граѓаните“ се вели во реакцијата на партијата.

извор: Makfax