x

Алиоски: Јас сум тука и немам намера да го напуштам Лидс

alioski

Езџијан Алиоски е дел од тимот на Лидс веќе неколку сезони. Тој пристигна од Лугано во 2017 во овој клуб и досега забележа 125 настапи. Одлични бројки кои му даваат за право на нашиот интернационалец не да се надева на нова соработка туку да е сигурен дека и ќе ја добие.

Англиските медиуми веќе на големо пишуваат за тоа, а самиот Џани за истите тие медиуми даде доста дипломатски, и за овие моменти од неговата кариера коректен одговор.

„Јас сум член на Лидс и имам договор до крајот на летото. Што ќе се случи јас не знам, но знам дека не сакам да заминам на друго место. Мене во Лидс ми е прекрасно уживам во секој ден минат во овој клуб. Не сакам да заминам од него, но секако тоа не зависи само од мене. Туку и од многу други фактори. Ќе видиме што ќе се случува периодов но јас искрено сум оптимиста“ – изјави Алиоски.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата