x

Алиоски: Посебно сум мотивиран по одличната сезона, одиме на две победи

alioski-1

Македонската фудбалска репрезентација вечерва истрча на Националната Арена со првите тренинзи во пресрет на првите мечеви од новото издание на Лигата на нации. Еден од нашите интернационалци, Езџан Алиоски, со свои очекувања во пресрет на двомечот кој не очекува.

„Се вративме дома. Тренираме на стадионот на кој направивме историја. Имаме уште што да направивме. Игравме добро, но има време. За овие две средби можам да кажам дека се добредојдени пред дуелите со Косово. Очекувам да ги добиеме двете средби. Со Ерменија треба да направиме реванш за оној пораз, а против Грузија ќе биде еден голем тест. Со нив може да играме финале на Лигата на нации и затоа овој меч е посебен.

Сега сум посебно мотивирам затоа што ја освоивме чемпионшип лигата. Не знам во каква форма сум, но имам двенеделни тренинзи и мислам дека сум подготвен за настап. Има време за топ-форма, но и сега мора да одиграме најдобро“, вели Алиоски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата