x

Алиоски: Нашиот таргет сега е Косово!

alioski2

На прес конференцијата по натпреварот се појаво и Џани Алиоски. Тој даде свој коментар за направениот пенал на почетокот од средбата но и за следните цели на Македонија.

Беше пенал, тоа беше момент, една секунда… Не стигнав на време да блокирам! Но тој момент го поминавме, се вративме во игра и израмнивме. Но кога тргнавме на победа се случи црвениот картон. Задоволни сме од играта, од темпото… Двата меча кои се зад нас беа многу важни затоа што по 9 месеци сме заедно. Многу важни натпревари, многу добри резултати со кои се подготвуваме за дуелот со Косово. Нашиот таргет сега беше да освоиме минимум 4 бода на овие два меча. Сега на ред е Косово. Имаме шанси да ги победиме, сега тие се нашиот таргет“, изјави Алиоски.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата