x

Алиоски и Лидс Ј. се враќаат во Премиер лигата со гостување кај шампионот Ливерпул!

tv-premier

Англиската фудбалска асоцијација, денеска со ждрепка го одреди календарот за новата натпреварувачка сезона во Премиер лигата. Истата ќе почне на 12 септември, а актуелниот шампион Ливерпул на премиерата ќе биде домаќин на екипата на Лидс Ј., новиот англиски премиерлигаш. Во првото коло ќе имаме дерби дуел меѓу Тотенхем и Евертон, а мечевите на градските ривали од Манчестер, Сити и Јунајтед, ќе бидат дополнително закажани поради долгата сезона во Европа која овие два тима ја играа.

ПРЕМИЕР ЛИГА – 1. КОЛО

Сабота, 12 септември:

Кристал Палас – Саутемптон

Фулам – Арсенал

Ливерпул – Лидс Јунајтед

Тотенхем – Евертон

Вест Бромвич Албион – Лестер Сити

Вест Хем – Њукасл

Понеделник, 14 септември:

Брајтон – Челзи

Шефилд Јунајтед – Вулверхемптон

Одложени:

Барнли – Манчестер Јунајтед

Манчестер Сити – Астон Вила

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата