x

Алиоски и Лидс Ј. и официјално обезбедија место во Премиер лигата!

По вечерашниот пораз на ВБА на гостувањето кај Хадерсфилд од 2:1, нашиот Џани Алиоски и неговиот Лидс Ј. слават промоција во англиската фудбалска елита следната сезона.

Лидс Ј. и официјално е првата екипа која од Чемпионшип лигата се сели во англиската елита следната сезона. По пауза од цели 16 години, момците од „Иланд Роуд“ успеаја да дојдат во најквалитетната конкуренција, по извонредната сезона која ја имаа предводени од извонредниот Марсело Биелса.

Лидс Ј. има 5 бода предност пред ВБА на првото место во Чемпионшип, но и меч помалку на коло до крајот на регуларниот дел од сезоната. Тоа практично и им го обезбеди патот до елитата.

Алиоски ќе стане шестиот Македонец кој ќе настапи во едно од најсилните европски национални првенства, Премиер лигата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата