x

Алиоски денеска против Челзи: Имаат одлични играчи, но не им се плашиме

alioski2

Денеска на програмата во Премиер лигата е мечот помеѓу Челзи и Лидс Јунајтед кој ќе се игра на „Стемфорд Бриџ“. Лидс доаѓа на гости кај Челзи после четирите освоени бода од претходните два меча против Арсенал и Евертон.

Македонскиот репрезентативец во Лидс Езџан Алиоски е оптимист и вели дека воопшто не им се плаши на ѕвездите на Франк Лампард.

Челзи е голем клуб, со големи играчи, меѓутоа не им се плашиме. Ги гледавме во ЛШ, клуб е кој ја освојувал Премиерлигата и за нас е прекрасно што сме дел од Премиер и што имаме шанса да играме со сите овие големи клубови, за да видиме до каде сме.

A ние веќе покажавме и со Ливерпул, и со Манчестер Сити, и со Арсенал, и со Евертон дека можеме да играме и да парираме, дека имаме квалитет. Челзи е тим кој има страшен индивидуален квалитет, ама ние сме тим кој има самодоверба, кој си помага еден на друг. Затоа може да одиме секаде, да изненадиме, зашто не се плашиме од никого и можеме да освоиме бодови“, изјави Џани.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата