x

Алексовски успешно опериран, а Шкупи го награди со нов договор

aleksovski

Голманот на Шкупи Игор Алексовски синоќа беше успешно опериран. Голманот поради скинати лигаменти мораше да се оперира и поради тоа не беше во тимот на подготовките во Охрид. Сега тоа е завршено, фудбалерот го чека долг процес на рехабилитација, а Шкупи денеска го награди со нов договор.

Добро се чувствувам, им благодарам на сите за поддршката. Со оглед на тоа дека договорот ми истекуваше набрзо, Шкупи се покажа како голем клуб и ми го продолжи на уште една, на што сум им многу благодарен. Сакам што побрзо да се вратам и да помогнам“, изјави Алексовски.

Според информациите Алексовски ќе се врати на терените после шест до седум месеци.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата