Алексеј Втори бара да не се спомнува ЦПЦ!
Рускиот патријарх Алексеј Втори завчера го прими во својата резиденција во Даниловскиот манастир, министерот за надворешни работи на Црна Гора, Милан Роќен. Во текот на средбата Алексеј Втори го изнел својот став за “обидите да се организира т.н. Црногорска православна црква:
“Ние во никој случај не сакаме да се мешаме во внатрешните работи на државата Црна Гора, но сметаме дека би било поправилно во Уставот на Републиката биде наведена основната вероисповед, на пример, православие, ислам… и да не се нагласува т.н. Црногорска православна црква”.