x

Александар Тодоров уште една година тренер на Крајова

Македонскиот кошаркарски селектор Александар Тодоров и во слендата сезона ќе биде на чело на романскиот тим Крајова. Тој е веќе две години дел од овој клуб, очигледно дека соработката е на завидно ниво, па нашиот стратег одлучи да одигра сигурно и да не менува средина. Иако информациите се дека тој имал понуди да замине и во друг клуб, сепак, Тодоров и понатаму ќе биде дел од Крајова.

Тодоров е еден од нашите најискусни стратези затоа што подолг период од неговата кариера работеше во странство. Беше дел од екипите на турска Чукурова, бугарските Рилски Спортист и Балкан, како и Пеќ од Косово.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата