За што посупешен старт во престојните наптревари во Лигата на шампионите која стартува идниот месец, каде за прв пат во својата историја нашиот првак Металург ќе игра со европските гиганти како германскиот Флензбург, рускиот Чеховски Медведи и хрватскиот Загреб, Управата на клубот на вчерашната средба со новинарите официјално ги претстави новаците во екипата. Веќе беше познато дека легендата на македонскиот ракомет, Пепи Мансков ќе биде шеф на Стручниот штаб на Металург, откако ја водеше екипата на реваншот од квалификациите за ЛШ во Брага, но второто промовирање беше изненадување. Нов член на металурзите е членот на Пелистер и репрезентативец Александар Зарков, кој игра на пикерската позиција.
Манасков во своето излагање за новата улога во ракометот, по богатата играчка кариера да биде и тренер, рече:
– Ова ми дојде како гром од ведро небоо, но веднаш прифатив, особено по успехот што го постигнавме во Брага, кога заедно ја водевме екипата со младиот и талнетиран тренер Андон Бошковски. Ова е голем предизвик за мене, зашто во претстојните натпревари во ЛШ ќе биеме битка против европскиот ракометен крем – вели Манасков. – Се уште не сум подготвен за новата улога, бидејќи досега бев играч, но во соработка со Бошковски мислам дека добро ќе функционираме. Амбициите на клубот се како и минатата година, освојување на титулата и Купот, а во ЛШ ќе се обидеме да имаме што подобро претставување против големите противници.
Александар Зарков во последен момент се одлучил да го засили нашиот првак од Автокоманда:
– Имав понуда од Грција и вчера требаше таму да отпатувам и да потпишам договор, но во последен момент ја прифатив понудата на Управата на Металург и мислам дека не згрешив. Доаѓам во голем клуб, поблиску сум до Битола, до семејството, а најважно е и тоа што ќе играм во Лигата на шампионите.
Претседателот на Металург, Ристо Чокрев, задоволен од трансферот:
– Откако не напушти Цветковиќ, контактиравме со Манасков, на кого претходно сметавме да биде наш играч, но се случи да биде тренер. Мислам дека направивме добар потег, неговото играчко искуство и квалитети се огромни.
На пресот беше речено дека сите натпревари во Лигата на шампионите Металург ќе ги игра во Калее со почеток во 17.15 часот.

Вилизар ПАВЛОВ