Од М-2 продукцијата со задоволство не известуваат дека по сите случувања околу домашниот избор за “Песна на Евровизија”, Александра Пилева е повторно во студиото Димитрови и работи на песните кои ќе се најдат на нејзиниот нов албум. На албумот ќе бидат застапени композиции од авторите: Калиопи, Дарко Димитров, Весна Малинова, Принц, Дарко Тасев, односно тимот кој и досега успешно работеше заедно со Александра. За потребите на новиот албум Александра ќе има и нова фотосесија со фотографот Дарко Мораитов. Албумот треба да биде готов и да биде промовиран во април. За овој албум, со оглед на огромната популарност и обожаваност со кој се стекна Пилева, ќе има многу поголем интерес.