x

Алберто бесен на Лацио: „Купуваат авион, а не сакаат да нѐ платат“. Клубот му спреми казна!

luis-alberto

Играчот од средниот ред Луис Алберто ќе биде казнет од раководството на Лацио и ќе биде изваден од екипата за еден натпревар поради коментарите на социјалните мрежи. Според информациите на „Il Messaggero“, Шпанецот ја коментирал ситуацијата и тоа што клубот купува нов приватен авион.

„Многу убаво, потрошија многу пари, а не не‘ плаќаат“, изјавил Алберто и не само тоа.

„Го видов авионот, меѓутоа жално е што ние ќе треба да го платиме. Тие купуваат нви работи, а не сакаат да не платат“.

Шпанецот е лут поради тоа што раководството инсистирало на намалување на платите поради карантинот и паузата на првенството поради коронавирусот.

Тоа го изнервирало претседателот Клаудио Лотито и спортскиот директор Игли Таре кои решиле да го казнат фудбалерот за коментарот.

Па казната најверојатно ќе биде парична глуба и играчот ќе го пропушти мечот со Кротоне.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата