Поминаа два месеци откако е завршена реконструкцијата на албанскиот театар во Скопје. Сепак, ногата на уметниците сè уште не зачекори на новата сцена. Всушност, направени се само проби, но не се реализирани настапи на јавноста, пишува ТВ 21

Институциите те шетаат од врата до врата, но никој не кажува кога театарот ќе биде инаугуриран.

Шефот на кабинетот на Министерството за култура, Фатон Фазлиу очекува тоа да се случи на 20 јануари, но тоа не е сигурно.

– Подобро да побараш одговори од театарот. Она за што јас сум зборувал е 20 јануари, но дали ќе останат на зборот овој пат, искрено не знам, рече Фатон Фазлиу од Министерството за култура.

Театарскиот режисер, Адам Карага вели дека тој ни за самиот себе не знае.

– Не сум во состојба да го кажам тоа, бидејќи сè уште немаме примо-предавање, рече Адем Карага, директор на албанскиот театар.

Постапката за примо-предавање на зградата ја врши Министерството за транспорт и врски, но и таму немаат конкретен датум за отворање на објектот.

– Формирана е комисија за извршување на технички преглед на објектот. По новата година комисијата ќе излезе на теренот и ќе изврши контрола. Не може да се зборува за конкретно време, зависи од ситуацијата која ќе се потврди на теренот. Комисијата излегува и гледа дали изградбата е во согласност со проектот, рече Кире Коцевски, портпарол на Министерството за транспорт и врски.

И додека Комисијата на Министерството за транспорт се подготви за увид, да потсетиме дека пред извесно време, партиски функционери имаа и судири околу заслугите за тоа кој го направил Албанскиот театар.

Вицепремиерот Бујар Османи на социјалната мрежа Фејсбук на почетокот на ноември, се пофали користеше познатата фраза „ДУИ, речено направено“. Генералниот секретар на Алтернативата, Скендер Реџепи, реагираше на ова велејќи дека иако ДУИ со години не успеа да го изгради театарот, Алтернатива тоа го сторила за година и половина. Заменик-претседателот на СДСМ, Мухамед Зеќири, пак, изјави дека ова се достигнувања на Владата предводена од премиерот Зоран Заев. Сите овие покренаа сомневања дека инаугурацијата на театарот се одложува затоа што не се знае кој ќе ја исече црвената лента, или пак одложувањето се прави за да биди што е можно поблиски до изборите, за да го икористат како достигнување во партиските кампањи.