Албанскиот премиер Еди Рама денеска ќе престојува во Приштина на средба со високи функционери на Алијансата за иднината на Косово.

Веста ја соопштија од партијата чиј лидер е Рамуш Харадинај и додадоа дека средбата ќе биде во партиското седиште на пладне, по што планирана е и изјава за медиумите.

Посетата е ненајавена, а се случува по критиките на адреса на албанските државни функционери дека не се залагаат за одлободување на Харадинај.

Тој беше уапсен на 4 јануари на швајцарско-француската граница, врз основа на меѓународна потерница издадена од српските власти поради воени злосторства.

Харадиј е на условна слобода и в четврток треба да му биде соопштена одлуката на судот дали ќе биде екстрадиран или не во Србија.

За дел од албанските медиуми патувањето на Рама во Приштина е само уште еден предизборен маркетиншки чекор.