Лидерот на албанската опозиција, Љуљзим Баша ги повика албанските граѓани да излезат на „осмиот национален протест“ на обединетата албанска опозиција со цел, како што рече, да придонесат кон ослободување на Албанија од криминалот и дрогата.

Осмиот протест е закажан вечерва во 19 часот пред зградата на албанската влада во Тирана.

Баша порача дека очите на целиот свет се насочени кон Албанија за да видат како ќе се разреши кризата.

Лидерот на опозицијата рече дека Рама треба да замине со цел земјата да се ослободи од најголемото зло кое ги зафатило. Тој додаде дека дури и по заминувањето на Рама ќе биде потребен голем напор за искоренување на криминалниот модел што тој го инсталирал во Албанија и лечење на раните кои настанале поради корупцијата.

извор: Makfax