Католичката црква, Албанија и Ирска се договорија да ги прифатат 150-те мигранти кои со денови се заробени на бродот на италијанската крајбрежна стража. Мигрантите, поголем дел од Еритреја, од понеделникот се заробени на пристаништето во Катанија, бидејќи италијанската влада не им дозволува да се симнат од бродот, се додека друга земја од ЕУ не прифати да ги преземе.

Заменикот министер за внатрешни работи, Матео Салвини рече дека Албанија понудила да прифати 20 мигранти, Ирска меѓу 20 и 25, додека останатите ќе ги преземе католичката црква.

„Црквата го отвори своето срце и својот паричник“ изјави Салвини, пренесе Ројтерс.

Претходно Агенцијата за бегалци на Обединетите нации – УНХЦР побара од државите членки на ЕУ да преземат одговорност за 150-те мигранти.

Мигрантите беа спасени на 16 август, од брод кој тонеше во Средоземното море.

извор: Makfax