Албанија е земја со најголем раст на извозот на косовската територија во првите седум месеци од оваа година, а откако Приштина во ноември минатата година воведе 100% зголемени такси на производите од Србија и БиХ.

Приштинска „Коха“ известува дека, според албанскиот Институт за статистика (ИНСТАТ), Албанија во тој период извезувала стока во вредност од околу 143,4 милиони евра во Косово,во споредба со 115,3 милиони евра, колку што извезувала во истиот период минатата година, што е пораст од 24,4 проценти.

Албанија забележа зголемување на извозот на стоки во Косово во јули.

Во исто време, се вели, пласманот на косовската стока на албанскиот пазар опадна во првите седум месеци од оваа година,  како и минатиот месец.

извор: Makfax