Педесет и осумгодишен државјанин на Албанија загинал во кичевското селото Брждани, откако паднал од дрво.

Како што информираат од МВР, во кичевската полиција во текот на вчерашниот ден било пријавено дека едно лице е повредено откако паднало од дрво. На самото место, екипа од Итната медицинска помош констатирала дека лицето има повреди на главата и дека е без знаци на живот.

При полицискиот увид било утврдено дека се работи за 58-годишниот Т.И. од Република Албанија со пријавен привремен престој во Кичево.

По наредба на Јавен обвинител, телото на починатиот било предадено на обдукција.

извор: Makfax