x

Албанец од Тетово ќе газдува со српски прволигашки клуб!

sp-fali-1

Како што јавува Спортклуб.рс, Фали Рамадани, еден од најголемите светски менаџери во фудбалот, е на чекор да ја преземе Мачва од Шабац. Тоа е клуб од елитната лига во Србија. Сензационално, вакви се насловите во медиумите кај нашиот северен сосед со оглед на тоа дека Албанец од Тетово ќе газдува со српски прволигашки клуб.

Инаку се пренесува дека преговорите преку посредници се во тек, дури биле во измината фаза.

Мачва во последно време се соочува со големи финансискио проблеми, а Рамадани тука е, како спонзор и газда на клубот, во секој случај да помогне.

Инаку не треба да се трошат зборови за Фали Рамадани. Тој е менаџер на многумина светски познати фудбалери, добар дел се од овие простори, од Балканот. Тој има добри врски и со фудбалските кругови во Србија, тоа не е тајна.

Инаку Рамадани до пред 3-4 години беше “влезен“ и во Шкендија, како соработник или советник на тетовскиот клуб.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата