Спасувачките служби во Грција за неколку часа добиле 300 повици за помош.

Продолжува спасувањето на луѓето кои останале заглавени во автомобилите во Солун.

Во некои делови од градот нема струја, а поради гром, кој удрил во меѓународниот аеродром во Солун, поради безбедносни причини, накратко е прекинато напојувањето на авионите со гориво, наведува грчката агенција.