Дури во осмото коло кошаркарите на Унион Олимпија каде настапува нашиот Душан Боцевски, на гости, против Геоплин Слован го доживеа првиот пораз. Дуле не се прослави (играше 15,15 минути, н.з.), мораше многу да тактизира поради проблемите со лични грешки, на крајот мечот го дочека на клупата, поради заработената “петка”, со само шест постигнати поени. Тодор Гечевски конеч- но се приспособи во Задар, стана водач во екипата, бауч за противниците. На гости во Загреб, против истоимената екипа играше онолку колку што беше потребно да им внесе страв во коските на домаќ ините (28 минути). Изгледаше застрашувач- ки со своите небесни скокови, собра 15 топки од кои шест во нападот, има- ше три асистенции, прокниж и 14 поени. Во осмата минута Задар водеше со 22:12, можеше и повеќе, но не брзаше. Гече ги затвори приодите кон кошот, го принуди домаќинот на тешки шутеви однадвор. Без реализација. Како што би рекле Хрватите “алал вера Тоше” . Предраг Самарџиски во дресот на Партизан, против Будуќност имаше скромна минутажа (10 минути), реализација (два поени) и еден скок. Резултати од 8. коло: Шибенка – Широки Херцегтисак 64:58, Сплит – Цибона 61:66, Геоплин Слован – Унион Олимпија 100:92, Хемофарм – Црвена звезда 82:92, Партизан – Будуќност 92:79, Хеилиос Домжале – Пивоварна Лашко 60:71, Загреб – Задар 71:91, Босна – Рефлекс 80:70. Табела: Олимпија 15, Цибона 14, Задар, Рефлекс, Хемофарм , Ц.звезда, Партизан и Босна по 13 , Пивоварна Лашко, Слован и Будуќност по 12, Загреб и Шибенка по 11, Широки Херцегтисак 10, Сплит 9 и Хелиос Домжале осум бодови. (С.Т.)