Оваа акција е во согласност со одредбите од Законот за управување со електрична и електронска опрема со што со обезбедувањето на магацин за собирање на електронски отпат сите граѓани ќе можат да ги донесат старите и неупотребливи електрични и електронски апарати и бесплатно да се ослободат од нив.

Во магацинот можат да се донесат стари апарати од бела техника, фрижидери, електрични шпорети, телевизори, компјутери, монитори, музички системи и слично, по што истиот се депонира на соодветни места за ваков тип на отпад.