x

Акцијата на Рашфорд направи „бум“ и собра милиони….

Маркус Рашфорд е новиот светски херој кога станува збор за хуманитарните акции по повод коронавирусот.

Фудбалерот на Манчестер Јунајтед организираше акција преку клупскиот сајт на Јунајтед за собирање храна за оние ученици кои првиот поголемиот дел од оброците ги добиваа за време на школските часови, а сега поради карантинот тоа не можат да го добијат.

Најпрво идејата беше да се соберат околу 100.000 фунти, но откако на акцијата се прикчучија големи ланци за храна, бројката стигна од речиси 20 милиони фунти.

Големиот ланец на супермаркети на Островот, „Теско“ донираше храна во вредност од 15 милиони фунти, „Асда“ во вредност од 2.5 милиони, а „ Ко – оп“ 1.5 милиони фунти.

„Не знам колку оваа ситуација ќе трае, а да се случеше ова кога јас бев дете, пред десетина години, сигурно дека ќе чувствував последици. Затоа многу расмислував како можам да помогнам првенствено на децата“ – изјава Рашфорд.

 

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата