Деталите можат да направат чудо. Обичната комбинација да ја претворат во гламурозна. А со оглед на тоа што сезонава се вистински хит тогаш на работа. Торбичките, накитот, чевлите, ремените, боите и тоновите предизвикаа вистински “хаосè во модниот свет на ужас на модните конзерви и на радост на либералните џет-сетери.
Во прв план се чантите. Важат за неизбежен детаљ. Направени од различни материјали и комбинации на повеќе, предност добиваат сламените или оние од рафи. Во комбинација со кожа или ткаенина таквата торбичка е шик предмет, што секоја модна следбеничка едноставно мора да го има. Чевлите задолжително имаат висока потпетица, може да биде полна, но и не мора. Важно е да бидат изработени од природни материјали. Значи, збогум на пластиката, металот, а добредојде за дрвото, плутата – изгледаат одлично, а и удобни се. Модниот накит во вид на ланец се враќа преку нараквиците, ѓерданите, ремените, рачките на торбичките. Значи, кога ќе се сумира сите детали водат кон тоа дека помалку панкерската нота е ублажена со нежни бои и тонови, па поради тоа со некако тежи кон дамски ефект со доза на неконвенционалност, се разбира.