Актерот Џеј Бенедикт, кој стана познат по улогата во филмот „Алиенс“, почина од последиците на Ковид-19, пренесуваат американските медиуми. Бенедикт почина на 69-годишна возраст.

Неговата официјална веб-страница ја објави трагичната вест.

„Со голема тага ја објавуваме смртта на Џеј на 4 април, поради компликациите кои произлегоа од инфекцијата Ковид-19“, се вели во соопштението.

извор: Makfax