На 35-то јубилејно издание на „Макфест“, кое се одржа пред неколку недели во Штип, за првпaт на сцената го видовме актерot од „Театар Комедија“, Жарко Димоски. Талентираниот актер, а богами и пејач за првпат се претстави со авторска песна на овој фестивал и успеа да ги собере симпатиите на љубителите на македонската музика.

Жарко настапи со неговата „Ајде да наздравиме“, песна на која како текстописец се потпишува лично тој, додека за музиката и аранажманот беше задолжен добро познатиот Валентино Скендеровски.

– Целата приказна започна уште многу пред овој „Макфест“, композитори ми нуделе свои дела, но некако бев убеден дека се уште е дојдено моето време како пејач, се држев до глумата и до пеењето во претстави. Се до еден момент, кога со Валентино Скендеровски на една наша средба не решивме да правиме песна. После појавувањето, а и на самиот настап на фестивалот, песната помина одлично, се најде на неколку топ листи, а на некои е и прво место веќе неколку недели,вели Жарко.

Инаку за ова негово првенче, тој сними и видеоспот, во кој главната улога покрај него ја има и неговата тогаш се уште само вереница Андреа Јосифова.

– Еве, конечно излезе и спотот којшто е малку поразличен од жанрот на песната, раскажува една приказна за “артистите” откако ќе се изгасат камерите и рефлекторите, кога “sвездите” ќе останат сами пред огледалото, сите нивни, радости и таги, борбата со себе си, потрагата по музите итн…Оставам на гледачите сами да одлучат како таа “борба” завршува, истакнува тој.

Жарко нема да застане тука со својата пејачка кариера, напротив тој веќе подготвува нешто ново, а негова искрена желба е да направи и свој музички албум. Погледнете го спотот за „Да наздравиме“: