x

„Ако ја поништат сезоната во Англија, јас стапувам во штрајк!“

Дефанзивецот на Нотингем Форест, Џо Ворал, се закани дека ќе штрајкува, доколку се прекине сезоната во Премиер Лигата и нема влез на нови екипи во англиската елита.

Засега, не е познато кога точно и дали ќе продолжи сезоната во професионалните лиги во Англија. Нотингем Форест моментно е на петтото место во Чемпионшип и се уште е во најтесна битка за местата кои водат во елитата.

„Ако ја прекинат сезоната, јас стапувам во штрајк“ , изјави Ворал за радио ББЦ Нотингем.

„Ние сме на место кое води во плеј-офот и многу добро напредувавме оваа сезона. Не може да се преговара, не треба да има прекин на сезоната“, вели дефанзивецот на Нотингем, кој веќе 21 година чека промоција во англиската елита.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата