Дали знаете дека постои крвна група на која се лепат комарците? Сигурно сте забележале дека додека сте биле во поголема група да има личност која им е попривлечна за комарците, додека има и такви кои комарците ги избегнуваат. За што всушност станува збор?

Имено, како што тврдат од Универзитетот во Флорида, еден од водечките фактори е крвната група. За комарците, вашата крвна група е најважна, но не и за мажјаците. Женките зависат исклучиво од протеините од човечката крв, а некои им сè и „повкусни“ од другите. Така, истражувањето докажало дека луѓето со нулта крвна група се двојно попривлечни од оние со крвна група А. Додека луѓето со крвна група Б се наоѓале во златна средина.

Исто така, дури 85 проценти од луѓето произведуваат секрет што им ја сигнализира крвната група на комарците, поради што тие повеќе ги привлекуваат.