Ако треба ќе се преговара со децении?
Главниот творец на руската политика за Косово и претседателот на Комитетот за меѓународни односи во државната Дума, Константин Косачов нагласи дека Русија нема да дозволи создавање држава на НАТО на територијата на српската покраина.Тој се заложи за директни преговори и додаде:
“Но, за дирекни преговори треба да се исполнат некои услови, односно главен услов е отсуството на сите други претходни услови. Да бидам појасен, Приштина мора конечно да разбере и да се согласи со тоа дека статусот на Косово не е дефиниран и дека е апсолутно неприфатливо во овој преговарачки процес да се поставуваат какви било рокови”.
“Неколку децении се води процес за палестинска држава и никој не прави трагедија од тоа што за решението за Палестина не е определен некаков рок. Со години постои и проблемот за Северен Кипар. И во случајот со Косово преговорите мора да траат онолку долго колку што е потребно, со цел и двете страни да дојдат до компромисно решение”, изјави Косачов.