Алкохолот и стресот негативно влијаат на создавањето антитела.

Антителата на корона вирус најслабо се развиваат кај лицата постари од 70 години, како и кај оние кои се под постојан стрес или редовно пијат алкохол, изјави рускиот научник Александер Гинцбург за ТАС.

Директорот на Националниот истражувачки цнетар за епидемиологија и микробиологија рекол дека кај постарите лица, од 70 до 80 години, по правило се е попроблематично, вклучително и развојот на антитела. Сепак, вели дека одредени околности можат да го отежнат развивањето на антитела и кај помладите лица. 

– Редовната употреба на алкохол, особено за време на периодот на вакцинација, мошне негативно влијае на количеството на развиени антитела и на имунитетот на Т-клетките. Постојаниот стрес или постојаните стрес услови, исто така, негативно влијаат, навел Гинцбург. 

Тој објаснил и дека на производството на антитела може да влијаат и цитостатиците и антибиотиците со широк спектар.