Британскиот експерт за меѓучовечки односи, Слоун Шеридан Вилијамс, смета дека за добро функционирање на врската, треба партнерот да се третира како куче. Нејзината теорија гласи:

Ако сакате вашата половина да ви возвраќа со истата безусловна љубов како и вашето куче, дресирајте го на истиот начин”.

Овој животен „тренер” смета дека „партнерите кои ги следат психолошките правила наменети за кучињата имаат здрави партнери кои ги сакаат”. Темелот на оваа „техника” се заснова на четири принципи: доверба, почит, чесност и интегритет, пренесува „Daily Mail”.

Кога го дресираме младото куче кое тек учи да ги јаде оброците во одредено време, секако дека нема да му ја дадеме целата вреќа храна за самиот да оцени колку му е доволно. Ние одлучуваме наместо него. На истиот начин не треба на партнерот да му нудите се’ како на послужавник, истакнува Вилијамс.

Партнер на ланец

Кучето го наградуваме кога се однесува добро, зошто тогаш на партнерот му даваме се’ без размислување? На тој начин партнерот ќе зема се’ здраво за готово и ќе сфати дека не треба да се труди за вашето внимание.

Ако цело време „трчате” по партнерот, оставате впечаток дека секогаш сте тука, што не значи дека ќе го натера да ве сака повеќе. Понекогаш треба да се оддалечите од партнерот за да му дадете шанса тој да тргне по вас, вели Вилијамс.

Директна комуникација

„Кога му се обраќате на кучето, секогаш јасно му кажувате што сакате. Направете го истото и со вашиот партнер. Немојте да му испраќате шифрирани и нејасни пораки. Немојте да го терате да чита измеѓу редови”, изјави Вилијамс, посебно советувајќи никогаш да не покажувате страв.

„Никогаш не покажувајте страв. Кога вашето куче ќе види дека треперите, тоа ќе се вознемири. Применете ја истата психологија и на вашиот партнер: никогаш не му покажувајте дека се плашите да не го изгубите. Работете на вашата самодоверба, наместо цело време да трчате по него”, заклучи Вилијамс.