Претседателот на Собранието Талат Џафери посочи дека техничката влада би можела да биде избрана и на 3 јануари, за истиот ден да можат да се спроведат процедурите што предвидуваат оставка на премиерот, констатирање на оставката и известување до претседателот на државата дека Владата е во оставка, објавија повеќе македонски медиуми.

Според законот за Влада треба да се определи нов мандатар кој ќе даде предлог за министри за внатрешни работи и за труд и социјална политика, како и за нивните заменици, со цел да се свика седница за нивен избор, која би била заокружена истиот ден. На тој начин, техничката влада би почнала да функционира веќе од 4 јануари.