Јоце Панов не знае за доста! После успешната промоција на албумот на српски јазик, пејачот деновиве се подоготува за снимање на нов сингл и видео кое треба да излезе кон почетокот на идниот месец.

По цел ден сум во студио заедно со мојот тим, работиме на новата песна која ќе ја пуштам во етер кон почетокот на октомври. Песната има две верзии, македонска и српска. За неколку дена заминуваме за Истанбул и Трансилванија каде што ќе го снимаме и спотот. Се надеваме дека ќе и се допадне на публиката”, откри Јоце, кој летово успеа да украде само неколку дена за одмор кои ги помина во друштво на девојката Марина, со која е заедно веќе седум години.

Марина е прекрасна личност, пред се, има разбирање за оваа моја професија, па затоа и толку години трае нашата врска. Се запознавме на мој настап далечната 2008 година и до ден-денес се уште сме заедно”, додаде Панов.

Тој важи за еден од ретките музичари кај нас кои успеале да се пласираат и надвор од нашиот пазар. Дека вложува многу во кариерата потврдува и самиот и вели дека доколку пресмета колку пари има дадено за песни и спотови, ќе му се слоши, па затоа ретко прави математики.

Ако размислам колку сум вложил досега во кариерата, сигурно ќе припаднам од цифрата, но јас никогаш не размислувам за материјалните нешта, бидејќи тоа е само хартија со бројки на неа, потрошен материјал, а на крајот од денот човекот се сеќава на убавата енергија што ја примил и колку е среќен со тоа што го работи… Фидбек имам, а тоа е публиката, таа ме прави најсреќен, тоа чувство ги победува сите вложувања и тогаш материјалното се претвора во духовно”, заврши пејачот.