x

АКО ПРОДОЛЖИ ЛА ЛИГА: Реал нема да игра на „Сантијаго Бернабеу“

Реал Мадрид ќе мора да се пресели на многу помал стадион, ако сезоната во шпанската Ла Лига продолжи следниот месец. Поради коронавирусот, натпреварите во Шпанското првенство ќе се играат на празни трибини, па оотука, управата на Реал размислува да се пресели на помалиот стадион „Алфредо ди Стефано“, кој е дел од тренинг центарот „Валдебебас“.

Официјално овој мал стадион е отворен во 2006 година и, со играњето на него, „кралскиот клуб“ сака драстично да ги намали трошоците за организирање натпревари.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата