x

Ако победи, Лапорта ќе ги доведе овие пет играчи! Барса ќе биде непобедлива?

laporta-1

Се ближат изборите за претседател на Барселона, познато е дека ќе се одржат на 24 јануари. Еден од главните фаворити е Хоан Лапорта, кој пред една деценија веќе беше на чело на каталонската гордост. Лапорта ветува дека ако победи тогаш ќе доведе пет екстра засилувања, се разбира дека ќе остане и Лео Меси.

Лапорта има план уште во јануари да го донесе Депај од Лион и Гарсија од Манчестер Сити. Додека во јуни би се ангажирале Белерин од Арсенал, потоа Давид Алаба од Баербн Минхен и како шлаг на тортата тука е Ерлинг Халанд.

Со овие пет имиња, но и со Меси во тимот, веројатно Лапорта смета дека неговата Барселона ќе биде непобедлива.

Кога сме кај Лапорта да кажеме дека во минатиот мандат тој во Барса ги донесе Роналдињо и Рајкард, а потоа му даде шанса и на Гвардиола, потоа се беше историја.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата