Министерот за надворешни работи на Луксембург, Жан Аселборн ја повика германската влада да ги прекине граничните контроли на границите со Луксембург и Франција што е можно поскоро.

„Граничните контроли ме загрижуваат. Ако падне Шенген, тогаш паѓа и Европа на граѓаните. Шенген е најголемото достигнување на ЕУ“, рече Аселборн во изјавата за германските медиуми.

Тој посочи дека граничните контроли насат само проблеми на стариот континент.

извор: Makfax