x

Ако нема публика, Реал и мечевите од ЛШ ќе ги игра на стадионот „Алфредо ди Стефано“

bernabeu-gradilishte

„Сантијаго Бернабеу“ е подготвен, но Реал Мадрид ќе продолжи да ги игра своите натпревари на стадионот „Алфредо ди Стефано“, вклучувајќи ги и оние од Лигата на шампионите, доколку ситуацијата со Ковид-19 не се промени. Ова го потврдиле од „кралскиот клуб“, и покрај најавите дека наскоро во Шпанија ќе се вратат и навивачи на трибините.

УЕФА не би претставувала никаков проблем за промена на сценографијата и враќање на навивачите на стадионите, но властите во европските земји се тие кои го диктираат темпото на враќање на публиката на стадионите. УЕФА дозволува 30% пополнетост на трибините, почитувајќи ги безбедносните мерки и без вклучени патувања за мечевите од европските купови. Но дали ова ќе се реализира, пред се зависи од локалните власти. На „Бернабеу“ нема фудбал од 1 март. Таму се одвиваат дел од градежните работи за реконструкција на стадионот, а според најавите на шпанскиот печат, истите треба да завршат некаде до 2022 година.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата