Постојат неколку знаци кои недвосмислено укажуваат на тоа дека вашиот партнер можеби ве изневерува.

Секоја врска би требало да се заснова врз заемна доверба и слобода. За жал, неретко се случува таа доверба да биде злоупотребена.

Прочитајте ги исповедите на луѓе кои биле изневерени и на начинот на кој го дознале тоа.

1. Говор на телото

Бев на Фејсбук кога налетав на групна фотка на која беше мојата сопруга со колегите од фирмата. Еден соработник ја ставил раката на нејзиното рамо и тоа на прв поглед не изгледа толку опасно затоа што многумина го прават тоа несвесно. Меѓутоа, јас знам дека мојата сопруга не му дозволува никому толку да и’ се приближи освен мене и на поблиското семејство. Тоа ми беше црвениот аларм. Во текот на следната недела и’ го проверив мејлот и дознав дека тој човек е само еден од тројцата љубовници кои ги имала во тоа време”, раскажал еден маж во својата исповед за “Mirror”.

2. Два мобилни телефони

Бевме во врска на далечина речиси пет години. Ме посетуваше на местото на кое работев и престојуваше кај мене. Имаше два телефони кои секогаш ги носеше со себе, па дури и во тоалет. Тогаш за прв пат се посомневав дека ме изневерува. Додека се тушираше му го зедов некако едниот телефон и видов дека разменувал романтични пораки со друга девојка. Му реков да си замине и да не се враќа повеќе”, е исповедта на уште една девојка, пишува британски „Mirror”.

3. Претчувство

Знаев дека нешто не е во ред. Бевме во брак седум години и во последно време престанавме да имаме секс. После неколку месеци пронајдов кондоми и сфатив што се случува. На крајот се разведовме”, раскажал анонимниот изневерен маж.