x

Ако Еурофарм Работник го мине Нексе во осминафиналето со Вардар ќе играат еден против друг за место на СЕХА Ф4

Интересен расплет на настаните во завршницата на СЕХА лигата ќе гледаме следната година со оглед на тоа дека македонските претставници во Регионалното натпреварување Вардар и Еурофарм Работник можат еден против друг да играат за место на Ф4 турнирот.

Вардар настапот во групната фаза го заврши на лидерската позиција во групата А и како таков има директен пласман во четвртфиналето, додека Еурофарм Работник заврши на четвртото место во групата Б и во осминафиналето ќе се соочи со Нексе.

Доколку го елиминира хрватскиот вицешампион, Еурофарм Работник ќе му биде првиот  тим кој ќе му стои на патот на Вардар кон одбрана на титулата во СЕХА лигата.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата