x

„Ако еден фудбалер се зарази со коронавирус, го прекинуваме првенството!“

Италијанскиот фудбал во моментов се наоѓа на „удар“ поради коронавирусот. Неколку натпревари беа одложени, неколку се играа и ќе се играат без публика, но сигурно дека ситуацијата, особено во северниот дел, не е сјајна.

Претседателот на фудбалската федерација на Италија, Габриеле Гравина, најави дека во случај кај некој фудбалер да се најде заразен со коронавирусот, првенството ќе биде прекинато веднаш.

„Ако играч од било кој клуб од Серија А биде позитивен на коронавирус, не исклучувам можност да се прекине првенството. Да бидеме реални, здравјето на фудбалерите и на сите ни е на прво место“, рече Гравина.

sportmedia.mk

© Vecer.mk, правата за текстот се на редакцијата